Рајна Кошка

Рајна Кошка, редовен професор при Катедрата за англиски јазик и книжевност, Филолошки факултет „Блаже Конески“ во Скопје (предмети: англиска книжевност 1/2, специјален курс за Шекспир, Шекспир и современа критичка теорија, женскиот лик во англиската ренесансна драма, како и: модерна и постмодерна британска драма - на постдипломските студии). Предавала и во Истражувачкиот центар за родови студии при Институтот Евро Балкан. Била член на Државната предметна комисија при Бирото за развој во Министерството за образование, на Координативното тело на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” за вклучување на родови студии во наставните планови и програми, на Академскиот одбор на Истражувачкиот центар за родови студии при Институтот Евро Балкан и на Европското здружение на англисти (ESSE). 
Образование: дипломира во 1981 година (Катедра за англиски јазик и книжевност, Филолошки факултет Скопје), магистрира во 1983 (New York University, САД), докторира во 1997 (Филолошки факултет Скопје). 
Објавени книги: Англиска драма: ренесанса, современост, феминистичка теорија (2007), Метафората на дијамантот: студии за женскиот лик во англиската ренесансна драма (2004), Различни гласови: Антологија на современата британска драма, 2003 (приредувач). Преводи: Џон Стјуарт Мил, Потчинувањето на жените (1999), Вирџинија Вулф, Сопствена соба, (1999) и др. 
Нејзиното потесно поле на интерес се: англиската ренесансна драма, современа британската драма и феминистичката критичка теорија. Преведува од англиски јазик (драмски текстови, поезија, есеи).